Повредени граѓани и десетина приведени хулигани во вечерашните протести
Хулиганите на СДСМ вечерва го демолираа Министерството за правда, а полицијата приведе најмалку десеттина. Има и повредени новинари и фоторепортер, а интервенирала и Брзата помош, покажуваат последните информации.
Насилните демонстранти на СДСМ и СОРОС влегоа и во Канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов во центарот на Скопје и целосно ја искршија и цел инвентар го изнесоа надвор.
Епилогот од насилниот протест на СДСМ е повредени граѓани, демолирани објекти и искршени автобуси. Кршење, палење, демолирање на се што ќе им се најде пред очи е дел од насилното сценарио на СДСМ заговарано од лидерот на партијата и екс-разузнавачот Зоран Верушевски.
Во вечерашните протести има повредени граѓани и новинари при обидот на полицијата да ги поттисне демонстрантите кои претходно ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов, а потоа со камења истото го направија и на Министерството за правда во центарот на Скопје.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари