Македонија
13. May 2023 - 12:44

Повредени две лица во тешка сообраќајка помеѓу мотор и „мерцедес“ во Куманово

На 12.05.2023 околу 10.40 часот во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.С.(40) од с.Гошинце, кумановско и мопед „РКС снипер 50“, управуван од С.И.(45) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница-Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.