Повредени четири лица во сообраќајки во Скопје
- На подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои со лесни телесни повреди се здобиле четири лица.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала возачи по разни основи. Петнаесет ја пречекориле дозволената брзина, а 18 се исклучени од сообраќај, од кои двајца поради возење под дејство на алкохол пред да се стекнат со право на управување возило и четворица возачи почетници.
Од сообраќај се исклучени и 13 возила, две технички неисправни, а 11 нерегистрирани.
За непрописно паркирање се изречени мерки на 113 возачи, а пајакот подигнал 91 возило.
Сообраќајната полиција регистрирала и шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, а двајца не поседувале зимска опрема.
Во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Орце Николов“објект „Карпош IV“ во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
-
Приведен возач од тетовско, возел под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна незгода
-
Николоски: До 2029 година ќе имаме комплетен автопат и експресен пат од граница до граница на Коридор 8