Повредена работничка во „Дрекслмаер"
Работничка се здобила со повреда во германската фабрика „Дрекслмаер” во Кавадарци, потврдија од Државниот инспекторат за труд.
- Наш инспектор излезе на лице место. Според нашите првични информации, усната изјава на работничката е дека повредата настанала поради нејзино невнимание. Инспекторот за безбедност и здравје при работа од Кавадарци констатирал дека машината на која работела работничката била излепена со знаци за предупредување (опасност), кои треба да се почитуваат. Првично, станува збор за потфатена рака, но повеќе детали не може да се кажат бидејќи во тек е дополнителниот надзор за овој случај, рекоа од Инспекторатот.
Информацијата за повредена работничка во „Дрекслмаер“, попладнево ја потврди и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
- Денеска во 9:30 часот во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека во фабриката „Дрекслмаер" во Кавадарци при работа повредена е една од вработените и е пренесена во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци. На лице место излезени се инспектор за заштита при работа и полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, вели Стојковска.
Од кавадаречката болница изјавија дека работничката била препратена на скопските клиники.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни