-->
-->
Повреден вработен на АРМ
-->
Повреден работник на АРМ во касарната „Еребино во Тетово“, поради повредите итно е пренесен на скопските клиники. Како што стои во билтент на МВР, вчера во 14,00 часот во полициската станица Тетово било пријавено дека во воениот објект касарна „Еребино“, околу 11,00 часот 59- годишниот И.А од Гостивар, вработен во АРМ, одговорен на одделот за уништување на муниција и експлозивни средства се здобил со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, додека И.А. заедно со Б.З. и В.Џ., вработени во АРМ, постапувале при деактивирање на инфлатори, И.А. се здобил со тешка телесна повреда-фрактура и бил пренесен во болницата во Тетово, а од таму во Ургентен центар- Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари