Македонија
18. November 2021 - 16:28

Повреден ученик со остар предмет во училиште во Куманово

Малолетник повреден со остар предмет во средно училиште од страна на малолетна ученичка .

На 17.11.2021 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет бил однесен малолетник од Куманово. По преземени мерки било утврдено дека тој бил повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.