Македонија
11. February 2020 - 10:44

Повреден работник итно пренесен на скопските клиники

Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен П.Т.(64) од с.Орешани.
 
Според пријавеното, додека работел во фирма на бул.„Борис Трајковски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници, а бил известен и трудов инспектор.