Повреден пешак и велосипедист во Тетово
Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрил 22 годишник од Тетово кој возел Форд ескорт, вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови. Едното од момчињата било на велосипед, а другото одело пешки. По приемот за лекарска помош во тетовската Клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.
Оттаму информираат дека поради зголемениот број возила деновиве е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.
-Целта е непречено и безбедно да се одвива сообраќајот на тетовските и гостиварските улици, но и на регионалните и локалните патишта. Се апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, пред се, оние кои ја регулираат дозволената брзина, првенство на минување или движењето на пешаците и нивно преминување на улиците.На возачите, исто така, им се укажува да ги паркираат возилата само и единствено на наменски определените места, а не и на тротоари, во зеленило или пред крстосници, за да не го попречуваат движењето на другите учесници во сообраќајот, особено во централните градски подрачја, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово им советува на возачите целосно да се придржуваат на наредбите на полициските службеници задолжени за регулирање на сообраќајот во таканаречните „шпицеви“, за да се избегнат мешаници на крстосниците и на најфрекфрентните улици.Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово законски ќе го санкционираат секој прекршок во функција на максимална сообраќајна безбедност на сите учесници.
Ново на Сител
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите