Балкан
4. July 2017 - 11:12

Повозрасен маж почина од топлотен удар - Никој не му помогна

Повозрасен маж починал најверојатно од топлотен удар во саботата на една од улиците во градот Урошевац во Косово. Снимката од безбедносните камери која може да се види на социјалните мрежи открива за тоа колку се подготвени луѓето да пружат помош. Иако мажот лежи на улицата, никој не приоѓа да му помогне, а кога се најде еден човек да го направи тоа, ниту еден автомобил не сакаше да застане за да го однесе до болница. 
Мажот починал на лице место.