Македонија
14. јуни 2022 - 15:35

Повисоки плати за 2.800 денари, возачите на ЈСП го откажаа протестот

Возачите од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје го откажаа протестот кој го најавија минатата недела, бидејќи е постигнат договор за зголемување на платите за 2.800 денари од јунската плата која се исплаќа во јули, се наведува во известувањето од в.д. директорот Александар Стојковски.

„Од наредната плата секој вработен во претпријатието независно на работната позиција и статус на вработување ќе добие покачување за 2.800 денари. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добија покачување со Законот за минамална плата“, стои во соопштението.