Повисоки цените на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2017 се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 на годишно ниво.
Според Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2017 продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,7 проценти, Енергија за 0,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 процента, додека во групите Капитални производи и Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.
Во јуни 2017 во споредба со јуни 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 1,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 процента.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?