Повеќе скопски населби и села утре без струја
Дел од корисниците од скопските села Кучевиште, Брест, Љубанци, Малино, Мирковци, Танушевци и Побожје утре од 8:45 до 9:45 часот ќе останат без електрична енергија.
Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „474“, односно објектите во околината на црквата „Св. Петка“, а од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Видео Смилевски-Бато“.
Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Фрањо Клуз“, од 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Брсјачка буна“, „Пелагонија“ и „Злетовска“, а од 9 до 16 часот корисниците од селата Гамалево, Тисовица, Градовци и Дејковец во општина Зелениково.
Дел од Волково и Кучково утре ќе бидат без струја од 10:30 до 12:30 часот. Од 11:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Партение Зографски“, а од 13 до 15 часот корисниците од улицата Кавалска.
Како што соопшти РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?