Македонија
18. July 2021 - 14:40

Повеќе од половина од новозаразените со Ковид-19 се од Скопје

Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со Ковид-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања.

Од нив, тринаесет се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.

Регистрирани сe и двајца оздравени од Скопје.

Главниот град бележи 99 активни случаи, што всушност го прави град со најмногу активни случаи на Ковид-19 во земјава.