-->
-->
Повеќе од 50 земји ја поддржуваат тужбата на Јужна Африка против Израел
-->
Јужна Африка соопшти дека повеќе од 50 земји ја изразиле својата поддршка за нејзиниот случај пред највисокиот суд на ОН, во кој оваа земја го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во војната во Газа.
Други земји, вклучително и САД, го отфрлија обвинувањето на Јужна Африка дека Израел ја прекршува Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид, а многумина не кажаа ништо.
Реакцијата на светот на сослушувањата во четврток и петок во Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ја покажува очекуваната поделеност околу 75-годишниот израелско-палестински конфликт.
Повеќето земји кои ја поддржуваат Јужна Африка се од арапскиот свет и Африка. Во Европа само Турција јавно ја изрази својата поддршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб
-
Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија
-
Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида
-
Бајден и Харис со остри критики до Трамп за лажните тврдања околу одговорот на владата по катастрофалните урагани
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож