Повеќе од 1.000 починати од Ковид-19 во Шведска
Бројот на починати од коронавирусот во Шведска надмина 1.000.
Според Андрес Тегнел од Агенцијата за јавно здравје, вчера се пријавени 114 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 1.033.
Во Шведска се регистрирани 11.445 луѓе се заразени со коронавирусот.
Официјален Стокхолм презема релативно либерални мерки за борба против пандемијата, и покрај големиот скок на бројот на жртви.
Властите на оваа скандинавска земја ги советуваа граѓаните да практикуваат социјално дистанцирање, но не затворија училишта, барови и ресторани. Исто така, забранети се само собирања на повеќе од 50 лица.
Вкупно 22 здравствени експерти ги повикаа политичарите да ја преземат контролата над ситуацијата, наведувајќи дека шведската Агенција за јавно здравје не успеала да се избори со пандемијата.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата