-->
-->
Повеќе Американци починале од Ковид-19 отколку за време на Втората светска војна
-->
Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна, покажуваат податоците на Унивзеритетот Џон Хопкинс.
Според податоците од вчера, досега во САД 405.400 луѓе починале од вирусот, наспроти 405.399 Американци убиени за време на Втората светска војна. Една од главните цели на администрацијата на новиот претседател Џо Бајден е вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена.
Бајден предупреди дека најлошото од пандемија допрва претстои.
Случаите на коронавирус се приближуваат до 100 милиони во светот (во моментов повеќе од 96 милиони) и повеќе од два милиони починати.
САД се земја која е најпогодена од пандемијата на коронавирус во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче