Потврдена пресудата на Жан Мари Ле Пен за неговите навреди за Ромите
Европскиот суд за човекови права го прогласи за неосновано барањето на почесниот претседател на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН), Жан-Мари Ле Пен, кој ја оспоруваше казната од францускиот суд поради неговите невкусни коментари на сметка на Ромите, јави дописникот на МИА.
Говорејќи на летниот универзитет на неговата партија во септември 2012 година, Ле Пен се шегуваше во врска со Ромите и нивната „неспосбност да се интегрираат“.
- Ние, ние сме како птиците, природно летаме, изјави Ле Пен алудирајќи на наводна изјава на Ром, но тој направи игра на зборови, бидејќи „летаме“ на француски јазик се изговора исто како и „крадеме“.
Група Роми поднесоа тужба против Ле Пен за јавна навреда на нивната етничка група, поради што тој во декември 2013 година, од страна на Суд во Париз беше казнет со 5.000 евра. Казната потоа ја потврди и Касацискот суд.
Судот во Стразбур оцени дека жалбата на Жан-Мари Ле Пен е неоснована, иако тој тврдеше дек со оваа казна од францускиот суд биле прекршени неговите права на фер судење и слободата на изразување.
- Националните судови го осудија жалителот по методолошка и темелна анализа на навредливите забелешки, истакнувајќи дека тие се далеку од тоа да се ограниченат само на израз на хумор издвоен од каков било политички контекст и намерата за жигосување на ромската заедница, но тие, најверојатно, предизвикаа чувство на одбивност и непријателство кон оваа заедницата, оцени Судот во Стразбур.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите