Потресни снимки: Разорниот земјотрес во познатите летувалишта ги остави без сон, преплашените туристи спиеја на улиците
Силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер го погоди рано утрово подрачјето во близина на главните турски и грчки туристички дестинации на Егејското море, при што загинаа две, а повредени се стотина луѓе.
Според зборовите на локалните власти најмалку две лица настрадаа, а стотина се повредени на грчкиот остров Кос, популарна туристичка дестинација.
Преку тесниот канал во Егејското моро, во турскиот Бодрум, околу 70 луѓе се примени во болница, повредени во обидот да побегнат од потресот кој во 01:30 по полноќ, по локално време го погоди тоа подрачје.
Грчките власти ги ставија на располагање хеликоптерите за да можат повредените да се префрлат на поголемиот остров Родос, за да им се пружи лекарска помош, соопшти челникот на јужноегејскиот регион Јоргос Хаџимаркос.
-Наша главна грижа сега е да се спасат човечките животи, реле тој за грчката државна телевизија ЕРТ.
Според извештаите од полицијата се урнал покрив од кафуле во Кос, а според крајбрежната стража оштетен е влез во пристаништето, кој се наоѓа во близина на појасот со кафулња и барови, поради што патничкиот траект не можел да пристигне.
Многу жители и туристи ноќта ја поминаа на улица.
Европската агенција за потреси објави дека е можно поради потресот да се случи и помало цунами, но турските медиуми наведуваат дека веројатно ќе настанат само големи бранови.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид