-->
-->
Потресни детали од последни денови на Дона Арес: Пејачката уште во април го знаеше месецот и денот кога ќе умре и имаше само една желба
-->
Прв пат во јавноста сопругот Џавид Љубовци откри како изгледале последните часови од животот на Дона Арес која имала само една желба пред да почине, а тоа е да умре во местото од каде потекнува.
-Кога човек ќе дојде во фаза кога е свесен дека ќе си замине од овој свет не треба да му замерите ништо што зборува. Па така не замерив и јас бидејќи тоа само она го знаеше, тоа е болеста, а ние кои што не сме поминале низ тоа не можеме да зборуваме за тоа. Таа помина низ разни фази и јас знам дека нашите срца никогаш не мислеле ништо лошо за нашиот брак. Не и замерувам за ништо бидејќи знам дека таа длабоко во нејзината душа не го мисли истото, вели сопругот на Арес.
Тој открива и какви биле прогнозите на лекарите во последните два месеци од нејзиниот живот.
-Уште во април годинава докторите и рекоа колку ќе живее, буквално тие и денот и го погодија кога ќе почине, а нејзината последна желба и беше да ги помине последните денови заедно со семејството во својот дом. Таа немаше никакви болки и не примаше никаква терапија последните неколку недели, па така да таа не се мачеше во последните свои мигови, вели тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прегазен 80-годишен пешак во Македонска Каменица
-
Тепаната жена од Радовиш не сака да поднесе предлог за гонење, кажала дека снимката е од лани
-
По втор пат се одложи повторното судење за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Теодора Ристовска
-
Јаневска: Во најголем дел од училиштата во земјава постои исправна противпожарна опрема
-
Недостигаат околу 40 инспектори за секоја општина да може да постапува соодветно, вели претседателот на ЗЕЛС
-
Георгиевски: Децата учат во безбедни училишта, јавноста и родителите да бидат спокојни
-
Додик за распишаната меѓународна потерница: Продолжува злоупотребата на судството за политички цели
-
Вкупно 736 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден, 109 за брзо возење