Потресна снимка: Мајката на девојчето со отсечената глава паѓа во несвест кога ѝ ја соопштуваат веста
Во најновата снимка поврзана со грозното злосторство кое вчера го потресе целиот свет, се гледа мајката на убиената мала Настасја, девојчето чија глава била отсечена, како паѓа во несвест откако ѝ била соопштена страшната вест.
Мајката на Настасја, Екатерина Мешчерјакова, била пренесена во болница во несвесна состојба. Покрај мајката, Настасја го имала и таткото Владимир кој бил вработен како техничар во компанија за мобилни телефони, и 5-годишниот брат Константин.
Целиот блик на зградата каде сè се случувало бил затворен и бил по силно обезбедување.
Малата Настасја била брутално убиена од 38-годишната беби-ситерка Ѓулчера Бобокулова од Узбекистан, која потоа со главата на детето шетала на московските улици.
Девојчето било заостанато во развојот и хендикепирано. Нејзиното тело го пронашле спасувачите по гасењето на пожарот во еден московски стан. Тоа се случило откако беби-ситерката се појавила на улица со глава, пренесуваат руските медиуми.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница