ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: Сопругот ме шутираше додека бев бремена по стомакот!
Сопругот во бременоста ме удираше со нозете во стомкот. Свекрвата сето тоа го гледаше и одобруваше. Бев жртва на насилство од страна на сопругот, свекрвата, свекорот и золвата!
Вака за Курир.рс ја почнува својата потресна исповед Рената Ж., жртва на семејно насилство.
- Уште од првиот ден се соочив со омраза од свекрвата. Сопругот, кој е постар од мене, го запознав преку заеднички пријатели во странство, каде што и живеевме три години, а таму ни се роди и првото дете. Уште во текот на првата бременост почна неговото насилно однесувања, а зашто го трпев незнам ниту самата..., раскажува соговорничката со треперлив глас.
Рената наведува дека на почетокот живееле со нејзините родители, а потоа се преселиле кај неговото семејство.
- Тоа е мало место, заостаната средина. Тогаш почнува вистинскиот пекол во мојот живот. На почетоот покажуваше „блага“ љубомора, но како поминуваше времето премина во болест. Во куќата на неговите родители често се чувствуваше негативна енергија, ми беше ужасно. Најлошо ми беше кога ме тепаше пред нив, а тие не презимаа ништо, низ соли раскажува Рената.
Таа истакнува дека свекрвата не дезволувала таа и сопругот да спијат во иста соба.
- Повеќе пати бегав и се враќав, наведува и се присетува дека два наврати ја сместувале во установа за социјална заштита.
- Еднаш сопругот ми ја удри главата од бетон во моменти кога во другата соба седеше полицаец кој требаше да ме одведе од насилникот и смести во дом. Преку разни организации дојдов до сигурна куќа, а потоа се разведов. За жал, децата му се доделени на сопругот, без обзир на се што ми направи, без обзир на тоа што е невработен и што е осуден на условна казна за насилничко однесување. Поднесов жалба и ќе се борам децата да ми бидат вратени, ја завршува својата приказна Рената.
ЛАЖЕШЕ: СОПРУГОТ БИЛ ОЖЕНЕТ, А ЈАС НЕ ЗНАЕВ
Рената вели дека свекрвата и забранувала да спие во иста соба со сопругот:
- Ме смести да преспивам на некој стар душек, под кој најдов фотографии од првата венчавка на својот сопруг, а не знаев дека веќе бил оженет. Потоа ја најдов и венчаницата на жената од фотографиите. Се чувствував многу лошо, се полошо и полошо.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека