-->
-->
Потресна исповед на руската манекенка која гола скокна од 6. спрат во Дубаи: Ми стави нож под грло и сакаше да ме силува
-->

Катја во емисијата „ Директна линија“ раскажала дека ревијата на Емиратите ја договорила со манекенска агенција.
Со Пакистанецот, познат локален продуцент, се состанав во хотелската соба да ги договориме деталите за работа, но разговорот набрзо премина во друга насока. Почна да ме допира, и да ме гали по нозете.
- Започна сексуално да ме вознемирува, да ме допира на колена. Му ги тргнав рацете, а тој полуде од бес, и тогаш сфатив дека морам да бегам, зборува Катја
- Побегнав во ходникот, но ме зграпчи за коса и ме врати во соба. Ме пристисна за ѕид и ми стави нож на вратот. Ме фати за врат и почна да ме дави, детално го опиша случувањето. И под закана со нож ја натерал да се соблече.
- Страшно се плашев и тоа не толку дека ќе ме силува, туку дека ќе ме убие, објаснила Катја. Успеала да го потргне и во паника скокнала од прозорецот. Преживеала благодарение што паднала на тенда.
Брзата помош брзо реагирала и веднаш била префрлена во болница. Таму утврдиле дека се здобила со повеќе повреди на 'рбетот на едно место дури имала и скршеница. И направиле две операциии, и вградиле титаниумска плоча на 'рбетот за да може повтроно да оди. Се уште се опоравува од тешките операции и од траумата кога на вратата од болничката соба и дошла полицијата. Имено, насилникот од Пакистан ја пријавил дека таа него сакала да го убие.
- Полицијата едноставно ме извлече од креветот. Тогаш можев да ги помрднам само прстите и вратот. Ме ставија во количка, ми го одземаа телефонот и ме однесоа во затвор, зборува Катја и додава дека обвинението дека се обидела да го убие продуцентот е вистинска лага.
- Тоа е лага. Тоа е муслиманска земја, таму законот ги штити мажите, додава Катја.
Убавата манекенка признава дека целиот ангажман во Доха бил глупост, лудост и дека сама е одговорна што заминала на таа авантура.
- Девојки, треба да бидете внимателни кога избирате ангажмани за да избегнете вакво нешто како што ми се случи мене, порачува таа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера