Македонија
24. July 2024 - 12:21

Потребна е реорганизација на целиот систем за подобро справување со кризните ситуации

Во изминатите 24 часа во Македонија имало 27 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив, активни се седум. Најкритично во моментов е пожарот во Македонски Брод, кој се движи во насока на ловиштето Јасен. На денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот на кризи, беше утврдено дека нашата држава не е подготвена да се справува со пожарите. Затоа е одлучено да се реорганиза целиот систем, со цел подобро справување со кризните ситуации.