Потрага по вистината за подготвката на храна во „Мекдоналдс“
Блогерот од Лондон, Даг Армстронг сними видео кое го прикажува целиот процес на подготовка на популарните сендвичи на „Мекдоналдс“ - „Биг Мек“.
Во седумминутното видео може да се види како Армстронг посетува една од фармите од каде овој најпознат синџир на ресторани за брза храна во светот набавува месо, а потоа и фабриката каде што се преработива месото.
Низ процесот го водат Сем, кој е одговорен за квалитетот на намирниците и Стив, кој е вработен во фабриката за месо на „Мекдоналдс“. Според она што е прикажано на видеото во прашање е само врвна технологија на целиот процес.
Секако, тоа предизвика реакции на голем број читатели на блогот на Армстронг, кои изразија згрозување од ваквата реклама на „Мекдоналдс“.
Еден од нив праша: „Дали некој некогаш во некој од рестораните на „Мекдоналдс“ видел хамбургер каков што е прикажан овде“, додека друг додаде: „Сигурно не верувате во она што е прикажано овде?“.
Во третиот дел од видеото Армстронг сам си подготвува „Биг Мек“, а потоа, секако, ужива во него.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана