Потпишан Проектниот документ „Креирање можности за работа за сите (втор дел)“
Претставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го потпишаа Проектниот документ „Креирање можности за работа за сите (втор дел)“ со кој продолжува заедничкото партнерство за реализација на дел од активните мерки и програми за вработување за 2017 година.
- Соработката на владините институции со УНДП е повеќегодишна и има за цел подобрување на условите за вработување и поддршката за невработените лица. Како резултат на истата, во последните 10 години, над 11.000 лица се стекнале со обука за претприемништво, над 8.700 отвориле сопствен бизнис. 35 проценти од новоотворените бизниси се раководени од жени, а 31 проценти од млади лица до 29 години, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Со програмата се планира да се овозможи зајакнување на претприемништвото и создавање 1.050 одржливи работни места во нови фирми, поддршка за растот на микро и малите претпријатија при нивното воведување на нови производи и услуги, што ќе доведе до отворање на 200 нови работни места, основање на локални партнерства што ќе резултира со мотивирање на 1.000 невработени лица-припадници на социјално исклучените ризични групи-активно да се вклучат на пазарот на трудот и во активните програми и мерки за вработување, воведување на иновации и нови технологии и практики во работните процеси кои овозможуваат забрзан раст на малите компании и создавање квалитетни работни места.
На свеченото потпишување, како што информираат од МТСП, присуствувале Растислав Врбенски, Заменик директор на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП во државата, кои ја потенцирале важноста и потенцијалот на микро и мали претпријатија, не само за економскиот раст, туку и за целокупното унапредување на човековиот развој.
Ново на Сител
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај