Потпишан договорот за изградба на автопат од Тирана до границата со Македонија
Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика денеска потпиша договор со компанијата „Ѓока Конструсион“ за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“), што Албанија ќе ја поврзува со Македонија кај Дебар.
- Ова е еден многу значаен инфраструктурен објект што нашата земја ја поврзува со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра, а во договорот стои дека државата обврските кон компанијата ќе ги подмири во рок од 13 години. Автопатот треба да биде готов за три години, изјави албанскиот министер за инфраструктура и енергетика Дамијан Ѓикнури.
Договорот го потпишаа генералниот секретар во Министертвото за инфраструктура и енергетика Гентијан Кери и Рок Ѓока, претседателот на компанијата „Ѓока Конструсион“, чија понуда беше избрана како најповолна на спроведениот тендер.
- И благодариме на Владата и на Министерството за довербата. Конечно се чини Владата почна да им верува на албанските компании. Ветувам дека нема да Ве разочарам и ќе го изградиме автопатот квалитетно и навреме, изјави Ѓока по потпишувањето на договорот.
Инаку, дел од подготвителните работи на автопатот почнаа пред две години, но беа прекинати.
Со изградбата на автопатот, кој се протега од Тирана до граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар, досегашната оддалеченост се скусува за околу 100 километри и се предвидува да изнесува 82 километри.
Неговата изградба се очекува да го заживее и економски да го развие поширокото подрачје од двете страни на границата, а многу ќе го олесни и патување од Македонија до албанското крајбрежје.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро