Потоп во Скопје и Куманово, пороен дожд низ цела Македонија
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово - 36 литри на метар квадратен и во Скопје -Петровец 34 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнал во Берово, два литра на метар квадратен.
По четири литри на метар квадратен наврнале во Штип, Струмица, Виница, Гевгелија, пет во Прилеп, шест во Ѓуриште, Тополчани, Демир Капија, Крива Паланка, седум во Претор, Дојран, девет во Охрид, десет во Битола, Крушево, 12 во Пожаране, 13 во Тетово и Лазарополе, 15 во Дебар, 22 во Маврово и 27 литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид.
Времето денеска, како што информираат од УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Нови врнежи се очекуваат во попладневните часови кога ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максимална температура ќе биде од 19 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска