Постигнат договор за едно од барањата на Велика Британија
Велика Британија постигна договор со фукционерите на Европската унија за механизмот за блокирање на законите на ЕУ со кои не се согласува, што беше една од целите на преговорите за редефинирање на односите меѓу Лондон и Унијата, изјавија претставници на кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ќе го објави подоцна денеска нацрт-предлогот за реформи на ЕУ, кои имаат цел да ги задоволат барањата на Британија пред планираниот референдум за останување на земјата во Унијата.
Нацртот, за кој уште треба да се согласат сите земји-членки, меѓу останатото предвидува правно обврзувачка одредба, која овозможува група од 55 отсто или повеќе членки на Унијата да го повлечат законот или да побараат промена.
Камерон вети дека ќе ги реформира односите меѓу Британија и ЕУ и ќе одржи референдум за членство до крајот на 2017 година. Тој се надева дека ќе го финализира договорот за реформите на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи на 18 и 19 февруари.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица