Македонија
4. March 2018 - 16:26

Поставување на комунални редари за справување на дивите депонии во Охрид

Диви депонии секојдневно никнуваат во Охрид. Најразличен вид на отпад може да се сретна покрај улиците во градот и приградските туристички  населби.

Група на граѓани реагираа и организираа акција за чистење на дел од нив меѓутоа и покрај тоа несовесните отпадот го одлагаат каде што ќе стигнат.

Неопходен е поинаков пристап во борбата за чиста животна средина, но и поригорозни казни за неодговорните.

Советниците од редовите на ВМРО –ДПМНЕ бараат конкретни датуми за чистење и утврдување на нивниот број.

Од ЈП Охридски Комуналец велат дека секојдневно реагираат по однос на истите дел по налог на комуналната инспекција но и дел по пријави отпад од граѓаните.

Инаку според најавите локалната самоуправа предвидува да постави по еден комунален редар во секое населено место во Охрод и на тој начин да има поголем увид кои се создавачите на дивите депонии.