Поставени таблите „Пријателство“ на автопатот
На Автопатот Табановце - Богородица, кој води од границата со Србија до границата со Грција поставени се таблите со новото име „Пријателство“. Поставувањето на таблите следи по одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ кое беше најавена по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос.
Одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ во автопат „Пријателство“ Владата ја донесе на средината од минатиот месец.
Покрај автопатот кој доби нови име, ново име има и аеродомот во Скопје кој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“.
Изминатиот викенд согласно одлуката за промена на името беа отстранети буквите од натписот „Александар Велики„, а ноќта меѓу 28 февруари и 1 март беше отстранет и споменикот на Александар Македонски што беше поставен во зградата на Аеродромот
Ново на Сител
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија
-
Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци
-
Фон дер Лајен: Со САД постигнавме договор што обезбедува стабилност и предвидливост за двете страни на Атлантикот
-
САД посредува во мировните преговори меѓу Тајланд и Камбоџа во Малезија
-
Без струја корисници од делови во Аеродром, Карпош, Петровец и Илинден
-
Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати