Последниот повик на Јелена кон мајка и води до убиецот! Полицијата на трага по клучниот доказ за убиството!
Белградската полиција секојдневно го чешла насипот во борчанската населба Црвенка, по кој Јелена таа кобна сабота на 2 април го истрча последниот круг, а инспекторите во меѓувреме и временски го реконстурираат целиот настан и утврдиле дека свирепото убиство е направено најмногу седум минути по последниот разговор што го направила тоа попладне, а тоа бил разговорот со мајката Зорица.
Јелена ѝ рекла на мајка и дека ќе истрча уште еден круг и дека ќе дојде кај неа, а полицијата се обидува да утврди што точно од збор до збор и кажала на мајка и . Дали сѐ уште ќе трча, дали е сѐ уште на насипот… Полицијата верува дека од голема корист ќе биде точното пренесување на разговорот бидејќи ако на мајка ѝ тогаш ѝ споменала дека е на насипот, тоа значи дека убиецот ја усмртил седум минути после тоа, токму на тоа место.
Ако не, постои можност по разговорот да е грабната, одведена и убиена на друго место, а нејзиното тело после тоа да е фрлено во каналот.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор осуден на седум години за сторено кривично дело „разбојништво“
-
Рамос потпиша со својот нов тим и избра посебен број
-
„Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка“, имам закани од психопативе, кажа Гоце Трајковски на сведочењето
-
Печатено издание на „Плејбој“ - прво по пет години
-
Почна дводневниот бојкот на супермаркетите во Црна Гора
-
Марсело ја заврши кариерата
-
ИОК со реакција за забраната на Трамп за трансродови лица во спортот
-
Средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со министерката за финансии