Loading Video...
Кошарка
30. јуни 2022 - 18:13

Последни подготовки на кошаркарите пред утрешниот дуел со Шпанија

Сениорската кошаркарска селекција на Македонија е во  Сарагоса каде утре против Шпанија ќе го игра претпоследниот натпревар во квалификациите за СП. 
 
Со подмладени сили, и отсуство на повеќемина стандардни првотимци, Македонија ќе му се спротивстави на актуелниот светски првак Шпанија. 
 
Иако и домаќините нема да играат со најдобрите свои кошаркари сепак и во таква ситуација Шпанците важат за фаворити. 
 
Постои и шанса за било какво изненадување на утрешниот меч, од видувањето на еден од најискусните македонски репрезентативци Бојан Крстевски.    
 
Утрешниот натпревар меѓу Шпанија – Македонија, кој е во рамките од групата Г ќе започне од 19 часот и 30 минути, додека во терминот од 18 часот во Рига, Естонија, селекцијата на Украина како домаќин ќе ја пречека Грузија.