Свет
21. October 2016 - 8:41

Последната ТВ дебата меѓу Трамп и Клинтон ја гледале 72 милиони луѓе

Третата и последната ТВ дебата меѓу кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја гледале 71,6 милиони гледачи, покажуваат податоците на рејтинг агенцијата Нилсон.

Првата дебата меѓу двајцата кандидати, која се одржа во септември имала публика од 84 милиони лица и поставила рекорд во историјата на американските избори.Од претходните дебати на кандидатите за претседатели со неа може да се мери само онаа меѓу Џими Картер и Роналд Реган во 1980 година, која била гледана од 80,6 милиони лица. 

Втората дебата во овогодишната изборна трка бше гледана од 66,5 милиони лица. 

Втората и третата телевизиска дебата вообичаено привлекуваат помалку гледачи од првата, бидејќи голем број избирачи веќе го направиле својот избор во текот на претседателската кампања, која во САД трае повеќе од една година.