Џет-Сет
1. October 2015 - 13:51

Последна желба на Уснија - да биде погребана во родното Скопје

Пејачката на народна музика Уснија Реџепова почина во Белград 73. година од животот, после долга борба со ракот на бели дробови.

Таа е родена во Скопје, на 8 август 1943 година, а се прослави пеејќи брањански песни, а 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана.

Ќе остане запомнета по хитовите „Казуј крчмо џеримо“, „Због тебе мори Лено“, „Од Ниша до Врања“ и многу други.

Реџепова ќе биде погребана во родното Скопје, а за неколку дена ќе биде одржана комеморација во Белград.