Последици од невремето во Гази Баба | ФОТО
Гази Баба вчера беше зафатена од силно невреме. На социјалните мрежи, жителите споделуваа фотографии и видеа од штетата која ја предизвика силниот ветер.
Однесени кровови, падната дрвја и олуци, откачени кабли од бандери, поплавени локации.
- Од плус 42 степени неиздржлива горештина, за 5 минути катастрофа, искршени автомобили, покриви, паднаа дрвја, и по 10 минути пак сонце како ништо да не било, сведочи еден жител.
Веднаш по невремето општина Гази Баба го активираше општинскиот кризен штаб за постапување во вакви состојби и беа формирани тимови за делување на терен.
- Вработените од ЈКП 6 саати работат макотрпно низ целата општина Гази Баба, сподели една жителка на оваа општина.
- Малку посилен ветер од 70-80 километри на час го крена цело Маџари и Ченто, летнаа сите лимени кровови, коментира друг жител.
И самите жители од повеќето населби ги расчитуваа штетите настанати од невремето.
Ново на Сител
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум