Македонија
1. September 2018 - 16:06

Последен викенд од летниот распуст- учениците и родителите различно се подготвуваат за првиот училишен ден

Завршува летниот распуст за осум годишниот Марко.. Од понеделник, играчките ќе ги замени со тетратка и молив.. За него најинтересни се часовите по ликовно образование..

Освен учениците и родителите се на почетокот од новата школска година.. За разлика од децата кои имаат задача да се образуваат, возрасните размислуваат за набавка на школски прибор, облека, ранци.. Неизвесно е колку ќе ги чини враќањето на учениците во школските клупи.. Согласни се дека тоа ќе го утврди првиот училишен час..

Од Министерството за образование велат дека училиштата се подготвени за стартот на школската година.. Сепак според најавите, некои учениците први две седмици ќе немаат дел од неопходните учебници.. Според МОН, издавачките куќи до средината на септември имаат обврска да ги дистрибуираат книгите во кои се пишува..

Третооделенецот Марко е меѓу 190-те илјади основци кои се враќаат во школските клупи.. Освен меѓусебното другарување велат дека во текот на летото им недостасувале и омилените часови..

Според податоците од образование, годинава во прво одделение ќе тргнат околу 20 илјади првачиња..