Loading Video...
Свет
17. April 2021 - 16:43

Последен поздрав за принцот Филип

Британското кралско семејство му оддаде последна  почит на принцот Филип. Погребан е во кралската крипта во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор.  На погребот присуствуваа само 30 луѓе, пред се  членови на кралското семејство, поради ковид пандемијата.

ТУка сме денес во капелата на Свети Џорџ за да ja пренесеме во рацете Божји душата на Неговиот слуга Принцот Филип, Војводата од Единбург. Со благодарни срца се сеќаваме на многуте начини како неговиот долг живот беше благослов за сите нас. Бевме инспирирани од неговата упорност и лојалност кон нашата Кралица, од неговата служба кон нацијата и коменвелтот, од неговата храброст, издржливост и верба рече капеланот   во  Сент Џорџ во замокот Виндзор.

На ковчегот  беше положено личното  знаме на принцот Филип, офицерска капа на британската морнарица ,меч и венец од цвеќе.  Кралицата Елизабета Втора  ја исполни желбата на својот сопруг да биде погребан како што сакал  скромен церемонијарен погреб. Војводата од Единбург дури и  самиот си го дизијанирал возилото кое  го пренесе  неговиот ковчег  до местото на последното живеалиште  а  ја избрал  и музиката за својот погреб.  На барање на кралицата, принцовите Вилијам и Хари не одеа еден до друг  во поворката  зад ковчегот  на  нивниот дедо. Внимание предизвика и одлуката на кралицата – машките челнови на кралското семејство воените  униформи да ги заменат со темни костуми. Принцот Филип  почина на 9 април два месеца пред 100 роденден. Со Кралицата Елизабета  беше во брак 73 години. Нивната врска е најдолга во историјата на британското кралско семејство.