Бизнис
12. October 2020 - 19:36

Последен ден од викендот без ДДВ - какви се резултатите?

За продавачите успешен, за експертите со слабости. Првиот Викенд без ДДВ почна во петокот, завршува денеска. За сметките од овие денови државата ќе го врати целиот платен данок на додадена врендост за македонските производи и за ИТ опрема.

Продавачите на компјутерска опрема велат деновиве имало повеќе купувачи од вообичаено. Најголем дел од производите кои се опфатени со мерката се распородале.  

Сепак, за експертите, овој викенд покажа слабости и дел од нив можеле да се предвидат. Проблем е тоа што голем дел од трговците не работат за викенд, а заради продолжениот викенд и граѓаните отпатувале. Добар дел од фискалните сметки и натаму не ги двојат македонските производи за кои се враќа данокот, а дел од смеките се лошо отпечатени и не може да се скенираат. 

Според владејачката партија овој викенд е успешен и ја испони целта, да го зголеми домашното производство и да ги врати парите кај граѓаните.

„Само на првиот ден од реализцијата на оваа мерка тројно е зголемен прометот на македонски производи, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Според проценките, преку оваа мерка за три дена ќе се оствари промет од барем 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени најмалку 17 милиони евра преку повратот на ДДВ“, соопшти СДСМ.

Сметките од пазарењето викендов треб ада се скенираат во рок од три дена. Полниот износ од потрошенит ДДВ ќе легне на сметките на граѓаните до крајот на месецот.