-->
-->
Поскапуваат цигарите во Македонија
-->
На први јули годинава кутија цигари се очекува да поскапи за околу четири денари, а до 2023 година се очекува цената на една кутија цигари да биде повисока и за 40 денари во однос на сегашната.
Согласно регулативите за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија.
Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа.
Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат најмалку по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 70 денари ќе чини над 110 денари.![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/juni/258525-124742.jpg?itok=x213f3yS)
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/juni/258525-124742.jpg?itok=x213f3yS)
Но во Македонија покачувањето на акцизата не секогаш се врзува со поскапувањето на цигарите во малопродажбата. Минатата година некои производители се решија цените да не ги покачат веднаш и акцизата да ја компензираат од сопствените приходи. Други производители пак поскапувањето го направија порано. Во Македонија оваа година веќе имаше еден бран на поскапување на цигарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово -10 степени, во Скопје -5 степени
-
Пронајдена голема количина дрога на „Богородица“ во камион со отпадна хартија | ФОТО
-
Владата со мерки за високите цени на храната, ограничување на маржите до крајот на април
-
Измените на Кривичниот законик од 2023 година на седница на Уставен суд
-
Во Хрватска повик за еднодневен бојкот за купување во пекарите и пекарски производи поради високите цени
-
Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев
-
Студентите во блокади во Србија одат во нова акција
-
Поништени спортските признанија на трансродовите спортисти на колеџите во САД