Поскапуваат бензините, цената на дизелот иста
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,552 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 38,395 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот за 4,142 отсто и кај дизелот за 0,066 отсто, како и за 0,343 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски