Посебна работна група утврдува зошто три општини не ја користат водата од ХС „Злетовица“
Посебно работно тело ќе истражува зошто пропаѓа еден од најмодерните системи за водоснабдување во источна Македонија. Градоначалниците на Штип, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци и раководството на ХС „Злетовица“ наредните 30 дена треба да направат анализи зошто три општини не ја користат водата од овој систем за водоснабдување.
Петта година од Хидросистемот Злетовица вода за пиење добиваат само Свети Николе и Пробиштип, додека најголемата општина Штип не ја прифаќа водата.
Според градоначалникот на Штип Благој Бочварски, по анализите треба да се дадат конретни заклучоци за некористењето на водата од „Злетовица“ што може да ги намали и сметките на граѓаните.
- Договорено е наредниот период да ги утврдиме причините. Не сме сигурни дали се работи за таложникот или за непрочистување на целиот систем кој е повеќе од 20 километри и доаѓа до Штип. Јас сум задолжен да ги искоординирам сите активности и да утврдиме каде е проблемот. Потоа ќе видиме и колку средства ќе бидат потребни за да се реши, изјави Бочварски.
Штип со кредит од јапонската „Џајка“ ја реконструираше филтер станицата, но водата од Злетовица не се користеше зашто до филтер станицата пристигнуваше заматена вода. Потребни беа екстра трошоци за да се пушти исправна вода во системот за водоснабдување.
Во моментов „Злетовица“ се одржува со пет до осум милиони денари средства од државата годишно. Директорот Тодорче Николовски вели дека немаат пари за сервисирање и одржување на системот, а Пробиштип и Свети Николе веќе пет години им должат пари за испорачаната вода. Долгот на Свети Николе е 16 милиони, а на Пробиштип над шест милиони денари.
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик