Македонија
7. February 2023 - 14:27

Посебен сообраќаен режим во дел од Автокоманда

Поради протест од граѓани на урбана заедница Автокоманда, денеска во периодот од 18.00 до 19.30 часот, има посебен сообраќаен режим на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“ и ул.„16 Македонска бригада“, соопшти Министерството за вантрешни работи.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.