Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради одржување на атлетска трка
Посебен соообраќаен режим ќе биде воведен утре од 06:30 до 11:30 часот во дел од Скопје поради одржување на атлетска трка.
Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека поради атлетската трка „Зегин Аеродром Ран“ во посочениот временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим по сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.
Стартно - целната позиција на трката е од булеварот „Јане Сандански“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ и булевар „Видое Смилевски Бато“ до крстосницата со улицата „Владимир Комаров“, дел од улицата „Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење), потегот од крстосницата со булеварот „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“ како и дел од булеварот „АСНОМ“ (десна коловозна лента) и на потегот од крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“ и булеварот „Србија“ се до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците
Ново на Сител
-
Неготинец пријавил измама од тетовец за работа во странство
-
Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
-
АЕК бара нов термин за реваншот со Алкалоид
-
До недела променливо време со повремен дожд и ветер
-
Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово во сабота без вода
-
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека проширена и со сопственикот на објектот
-
Помалку дипломирани студенти во 2024 година
-
Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин