Посебен сообраќаен режим утре во Центар
По повод одржувањето на третата ИПА Мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Утре по дефилето на учесниците на Мото средбата во периодот од 8:45 до 9:15 часот, и краткотрајното задржување и фотографирање пред Порта Македонија, учесниците во 9:45 часот ќе тргнат од Порта Македонија кон Крушево, а ќе се движат по сообраќајниците: по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул..„Кочо Рацин“, десно бул.„Гоце Делчев“, лево ул.„Беласица“, десно по бул.„Александар Македонски“ кон автопат „Пријателство“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат мотоциклистите.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола