Посебен сообраќаен режим утре кон гробиштата Бутел
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота) поради верскиот празник Задушница ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај.
Од 6.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.
За излез од гробишта, пак, возилата ќе се движат десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробиштата Камник и Ѓорче Петров.
-СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, се наведува во известувањето на МВР.
Ново на Сител
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди