Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево
За безбедно и непречено празнување на Илинден, СВР Битола најави посебен сообраќаен режим за денеска и утре (1-ви и 2 август) во Крушево.
Вечер од 18 часот до полноќ ќе биде забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајница во градот - од влезот на Крушево, место викано Стара бензинска, до крстосницата „Тагас“, а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста Гумење.
Сообраќајот по главната сообраќајница утре (2 август) ќе биде забранет во периодот од 9 до 11 часот, а од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од местото викано Бензинска пумпа до месноста Мечкин Камен.
Забраната за сообраќај за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 1-ви и 2 август од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп - Крушево и Демир Хисар – Крушево, а утре ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така, во двата дена (1-ви и 2 август) ќе биде забрането паркирање патнички и товарни моторни возила по главната сообраќајница во градот.
Посебен сообраќаен режим е најавен и за центарот на Скопје и во кумановско Пелинце, кој ќе важи само утре - 2 август.
Сообраќајниот режим во центарот на Скопје ќе почне во 9.30 часот, од кога затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ - на потегот од крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, потоа ул. „Филип Втори Македонски“ - од крстосницата пред хотелот „Холидеј Ин“ до Градска болница, како и ул. „Даме Груев“ - на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до Собранието на Република Македонија.
Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан утре во 11 часот. МВР апелира до граѓаните кои планираат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејки поради присуство на ВИП-гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Приведени 77 лица, повредени 48 полицајци - Вучиќ најави „нема веќе помилувања, време е за одговорност“
-
Азир Алиу најавува прецизно дефинирани протоколи кога треба пациентите да се испраќаат на Клинички
-
Јаневска: Од идната година свидетелства само електронски
-
По ДОМ и Партијата на пензионерите ја напушта СДСМ
-
Димитриевски реизбран за претседател на „ЗНАМ”
-
Крстевски: Кочани будно ќе го следи судскиот процес, требаше да има оставки од функционери од морални причини
-
Едрилица се скрши сред Охридско Езеро од силен ветар
-
М. Брод добива Дневен центар за деца со посебни потреби, општината е на прво место по бројот на згрижувачки семејства