Македонија
16. јуни 2023 - 9:07

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците околу национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде со почеток во 20.45 часот ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и  Украина.

МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.