-->
-->
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-->
Поради одржување улична трка, претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје.
Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од бул.„Илинден“ пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта - фонтана Лотус.
-Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Апелираме до сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, соопшти СВР Скопје.
Стартот на трката е предвиден за 10 часот кај фонтаната Лотус и е планирано да трае до 11 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна