Посакувале само второ дете, не биле подготвени за тоа што следувало
Се во животот на Миранда и Џош Крофорд е сосема предвидливо. Се вљубиле, венчале и добиле едно дете. Со тек на време поскале да го прошират семејството, но не биле подготвени за тоа што ги чекало.
-Бев шокирана. На почетокот не можев да верувам, вели Миранда која носела не близнаци туку четворка.
И тоа не обични, туку два пара идентични близнаци, две машки и две девојчиња.
Се сеќавам дека помислив дека не може да имам четири бебиња. Тоа е неизводливо, вели оваа мајка.
Миранда забременила со вештачко оплодување, при што и биле всадени два ембриони, а и двата се поделиле по оплодувањето и така настанале два пара близнаци. Само 1 отсто од бременостите се близначки, а веројатноста да добиете два пати идентични близнаци тешко може да се пресмета.
Неверојатно, но овој млад брачен пар немал никаква помош од семејството и пријателите, а својата секојдневна ситуација духовито ја опишуваат како „контролиран хаос“.
Но нивното проширување на семејството тука не запрело, туку по снимањето на емисијата за нивното семејство добиле уште еден син.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање