Македонија
18. November 2015 - 8:24

Портрет на театрологот Ристо Стефановски во Велешкиот театар

Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ во Велес денеска напладне ќе организира „Портрет на театрологот Ристо Стефановски“.

За творештвото и професионалниот ангажман на театрологот Стефановски ќе зборуваат писателот Блаже Миневски и новинарот и театарски критичар Тодор Кузманов. 

Настанот е во рамки на манифестацијата „Велес - Град на културата 2015“.